18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКеш или картичка – што претпочитаат Македонците?

Кеш или картичка – што претпочитаат Македонците?

Бројот на кредитни картички, на уреди за плаќање, на банкомати и на трансакции постојано расте, но Македонците се уште претпочитаат кеш.

Во Македонија има над 1.8 милиони платежни картички

Вкупниот број на платежни картички на крајот на март бил 1 милион и 859 илјади што за една година е зголемување за 89 илјади.

Според податоците на Народната Банка (НБРМ) најголем дел од картичките се под брендот на Виза (околу 1.1 милиони), потоа следи Мастеркард (околу 660 илјади), а останатите се Американ експрес и Дајнерс.

Нагорниот тренд на безготовинското плаќање се одразува и во бројот на банкомати. На крајот на март низ цела Македонија имало вкупно 1.040. Од нив 100 се оспособени и за депонирање готовина.

Бројот на ПОС терминали односно апарати кои читаат картички на продажните места на крајот на март годинава бил 34.220 што е за 479 помалку во однос на истиот месец лани.

Од друга страна бројот на виртуелни продажни места односно интернет ПОС терминали расте, во март достигнал 763 што е зголемување од 152 за една година.

Користење картички: Македонија неколку пати под просекот во Европа

Иако бројот на картички надминува 1.8 милиони, мал дел од нив активно се користат. Главен фактор претставуваат културата и навиките на населението.

Во Европската Унија трансакциите со платежни картички во просек се 32% од вкупниот промет, а во Македонија само околу 11%.

Доколку се споредат трансакциите по глава на жител, во Македонија тој број достигнува 18, а во ЕУ 102.

Кеш или картичка?

Кеш или картичка? Што е подобро да имате в џеб? И едното и другото средство за плаќање имаат свои предности и недостатоци.

Предноста на картичките е тоа што доколку ги загубите парите на сметките остануваат сигурни, но главен недостаток е тоа што не се прифаќаат насекаде. Дополнително, а доколку плаќате поголема сума, не е соодветно носење и броење на истата на продажното место, кога тоа можете да го направите само со поминување на платежната картичка на терминалот во продавницата и на едноставен начин да ја направите трансакцијата.

Без платежна картичка не можете да купите онлајн, а пак без кеш некогаш можете да останете засрамени доколку вашата кредитна картичка не биде прифатена, па така најдобро за вас би било да носите и кеш и картичка во својот џеб постојано.

К. Н.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП