23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Австрија незапирливо опаѓа

Невработеноста во Австрија незапирливо опаѓа

Невработеноста во Австрија и во август продолжи да се намалува, па така минатиот месец вкупно 374.792 лица биле без работа.

Тоа, како што се наведува во соопштението, во споредба со истиот месец минатата година, е намалување од 3,6 проценти.

Истовремено во Сервисот за вработување (АМС) биле пријавени 61.868 отворени работни места, што е раст од 43,5 проценти.

Невработеноста кај младите јасно се намалила, додека кај повозрасните од 50 години благо пораснала.

Како кај домашната работна сила (-5,7 проценти), така и кај странската (-5,1) дошло до намалување на бројот на невработени.

Стапката на нeвработени, според националната дефиниција, на крајот на август изнесувала 7,7 проценти.

„Позитивниот развој кај младите покажува дека нашите инцијативи во оваа област делуваат. Со новата обврска за школување до 18 гододини од животот, обезбедивме сите млади да имаат образование кое оди преку нивото на основното школување. Тоа масовно ќе ги зголеми шансите на пазарот за труд“, изјави уверено министерот за труд Алојз Штегер.

Тој укажа дека се работи и на намалување на невработените кај лицата повозрасни од 50 години и дека е јасна целта бројот на долгорочно невработените припадници од оваа генерација да се намали за 50 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП