26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛидерите на БРИКС се сретнаа во Кина

Лидерите на БРИКС се сретнаа во Кина

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ги повика земјите од групата БРИКС да се обединат во борбата против растечкиот трговски протекционизам во светот на самитот што се одржува во сенка на обновените тензии на Корејскиот Полуостров.

Сепак, најголемо внимание предизвика неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на собирот. Кинеската агенција „Ксинхуа“ јави дека двајцата лидери разговарале за растечките тензии по последниот нуклеарен тест на Северна Кореја. Тие остро ја осудиле акцијата на Пјонгјанг и се согласиле да се придржуваат до целта – денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, да имаат тесна комуникација и координација и соодветно да одговорат на тестот.

Лидерите од Бразил, Русија, Индија, Кина и од Јужна Африка се присутни на самитот кој завршува утре. Ова е деветти состанок на групата растечки економии, во која всушност се претставени 40 проценти од населението во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП