18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре напладне промоција на 120 книги за деца со пречки во видот

Утре напладне промоција на 120 книги за деца со пречки во видот

Во рамките на проектот за деца со пречки во видот, кој е поддржан од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Меѓународната фондација на клубовите Лајонс (ЛЦИФ), утре напладне ќе бидат промовирани 120 книги за основно образование од прво до деветто одделение, на македонски и на албански јазик, кои се адаптирани и печатени на Браjoво писмо за учениците со пречки во видот.

Настанот ќе се одржи во државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.

На настанот свои обраќања ќе имаат г-ѓа Рената Дескоска, министер за образование и наука, г. Дејвид Етбери, претставник на УСАИД во Македонија, г. Горанчо Јакимов, директор на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид и г. Шпетим Љатифи, директор на проектот.

Учебниците на Браjoво писмо ќе бидат многу важен ресурс за децата со пречки во видот заедно со целосно опремените пет ресурсни центри и аудиокнигите снимени претходно во рамките на проектот.

Проектот за децата со пречки во видот работи на зголемување на квалитетот и можностите на образовните услуги, со посебен фокус за развој на ресурсите за писменост на локалните јазици. Дополнително проектот овозможува очни прегледи за децата во претшколска возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП