4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во САД во месец август

Раст на невработеноста во САД во месец август

Невработеноста во САД во месец август е зголемена од 4,3 на 4,4 проценти, бидејки забави растот на бројот на нови работни места, соопшти американското Министерство за труд.

Американските работодавци во август додадоа 156.000 работни места, значително помалку од просекот, но сепак доволно да се одржи оптимизмот на компаниите во економијата на САД во деветтата година од закрпенувањето од Големата рецесија, наведува АП.

Со новите проценки исто така е намален и растот на бројот на работни места во јуни и јули за вкупно 41.000, со што во просек оваа година се создадени 176.000 работни места во еден месец.

Просечната плата по час е зголемена за 2,5 проценти во последните 12 месеци, додека со невработеност под пет проценти во САД таа обично расте за 3,5 до 4 проценти.

Пазарот за труд и понатака е стабилен, иако економскиот раст во првите шест месеци од годината беше неубедлив со 2,1 проценти. Од друга страна, индексот на оптимизам на потрошувачите во август беше на највисокото ниво во последните 16 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП