2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД размислуваат за запирање на трговијата со сите земји што работат со...

САД размислуваат за запирање на трговијата со сите земји што работат со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди денеска дека САД размислуваат за запирање на трговијата со сите земји што работат со Северна Кореја.

“Соединетите Држави размислуваат, покрај другите опции, да ја прекинат целосно трговијата со секоја земја  што работи со Северна Кореја”, напиша тој на Твитер.

Претходно Трамп  сигнализираше дека не ја отфрла можноста за напад на Северна Кореја како одговор на нуклеарната проба на изолираната земја,  што претходно ја нарече „многу непријателска и опасна за САД“.

Прашан додека излегува од црква дали планира да ја нападне Северна Кореја, Трамп им одговори  на новинарите: „Ќе видиме“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП