17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе успеа и референдумот за рудникот кај Иловица

Не успеа и референдумот за рудникот кај Иловица

Референдумот во Oпштина Босилово за или против отворање рудници е неуспешен. На 19-те гласачки места во оваa општина не излегоа потребните 6.151 граѓанин за да биде исполнет законскиот цензус и референдумското изјаснување да биде легитимнo.

Според првичните информации од избирачките места, речиси во секое населено место излезноста на граѓаните е под 50 отсто. Според неофицијалните резултати, граѓаните кои излегоа на референдумот гласале против Иловица и отворање други рудници.

Ваквата состојба за активистите на „Здрава котлина“, иницијатори за референдумот, е катастрофална и срамна и не можеа да поверуваат во летаргичноста на жителите над чии глави треба да никне рудник за бакар и злато со површински коп и брана со хидројаловина висока 270 метри.

„Незаинтересираноста на жителите на Општина Босилово се чувстуваше уште во пладневните часови, кога на избирачките места излезноста беше 7,8 отсто, а во 17 часот достигна само 23,1 отсто. Неофицијално, до 19 часот на изјаснување излегле 40 отсто.

„Здрава котлина“ најавија дека нема да се откажат од стопирање на рудникот за бакар и злато кај Иловица.

Ова е втор неуспешен референдум во Југоистокот и тоа во општини каде е издадена концесија за експлоатација на металични минерални суровини по претходно добиено позитивно мислење од самите општини. Референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во Општина Ново Село, закажан е за 17 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП