24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија на гости ја совлада репрезентацијата на Израел

Македонија на гости ја совлада репрезентацијата на Израел

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел 1:0 (0:0) во рамките на 7.коло квалификациско коло во Г групата, за пласман на Светското првенство во Русија. Единствениот гол на натпреварот во Хаифа го постигна Горан Пандев .

Македонската репрезентација во Хаифа одигра храбро итактички добро. Сите приоди кон голот на Димитривски среднот ред и дефанзивците добро ги затворија, Израел не создаде чиста шанса за гол, а по голот кој го бранеше Димитриевски се заканува со удари од далечина, кој имаше неколку сигурни интервенции со што само им ја зголеми самодовербата на играчите од последната линија на одбраната.

Македонија, од друга страна, најзрелите шанси за постигнување на гол ги имаше по прекините, односни нафрлените топки на Алиоски. Во 23. минута по нафрлувањето на фудбалерот на Лидс, Ристевски постигна гол, кој неоправдано беше поништен.

Имаше потоа добра можност со глава и Велкоски, но ударот не беше доволно силен и израелскиот голман Глазер одбрани.

Во 33.минута по центаршутот на Алиоски, Коен лошо реагираше но дирекот го спречи Израелецот да ја погоди сопствената мрежа.

Клучниот момент на мечот се случи во 74.минута, кога Елмаз со долга топка зад протигвничката одбрана, го проигра Пандев кој рутински го матираше Глазер.

Пандев го постигна 30 гол во дресот на Македонија, кој е прв квалификациски за напаѓачот на Џенова по 2008 година.

Во финишот, во 92.минута, Алиоски можеше да го зголеми водството, но Глазер го одбрани негвиот удар.

По седум одиграни натпревари Македонија има шест бодови со кои остана претпоследна во групата, но сега има три помалку од Израел кој е на четвртото место.

Лидер во Г групата е Шпанија со 19 бодови, откако вечерва „фуријата“ славеше над Италија со 3:0. Италија е втора со 16 бодови, а Албанија има 12.

На 5.септември Македонија во Струмица ќе игра против Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП