5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемите компании во САД го повикаа Трамп да не го укинува планот...

Големите компании во САД го повикаа Трамп да не го укинува планот за имиграција на младите луѓе

Раководителите на неколку десетици големи компании во САД, меѓу кои „Amazon“, „Apple“ и „Facebook“, го повикаа претседателот Доналд Трамп да не ја укинува имиграционата програма, овозможувајќи им на стотици илјади млади без редовни документи да останат во СAД, пренесе „Франс прес“.

Во писмото до шефот на државата и водечките претставници на републиканците и демократите во Конгресот тие предупредуваат за негативниот економски ефект од ревизијата на статусот на овие околу 800.000 лица. Раководителите на „Cisco“, „eBay“, „General Motors“ и „Microsoft“исто така се потпишаа.

Белата куќа истакна дека уште не е донесена никаква одлука за иднината на програмата позната по кратенката Дака (Daca), воведена во 2012-та година од страна на Барак Обама, за да бидат извадени од сенката илегалните имигранти пристигнати во САД пред да наполнат 16 години.

Условите за опфаќање во програмата е лицето да е на возраст од најмалку 31 година до јуни 2012-та и да живеело постојано во земјата од 2007-ма година, без сериозни казни во судското досие. Овие лица добиваат гаранција дека нема да бидат протерани и можат да работат законски.

Во писмото раководителите на компании истакнуваат дека овие луѓе пораснале во САД, регистрирани се пред американските власти, плаќаат даноци и имаат активна улога во своите заедници.

„Во случај да биде направен чекор назад, овие млади лица ќе ја изгубат можноста да работат легално во земјата и ќе бидат загрозени од протерување“, забележуваат авторите на писмото, а нагласуваат дека тоа би можело да доведе до губење на 460,3 милијарди долари за американскиот Бруто домашен производ (БДП).

Многу републиканци се противат на програмата, бидејќи сметаат дека тоа е неоправдана амнестија.

Според телевизијата „Fox News“ можно е во наредните денови Трамп да објави дека администрацијата веќе нема да издава дозволи „Дака“, но дека нема да ги поништи веќе издадените, оставајќи да дејствуваат до истекот на нивната валидност, односно најдоцна до 2019-та година за оние кои штотуку добија таков документ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП