7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Америка најдобро платени се анестезиолозите а најмалку фризерите

Во Америка најдобро платени се анестезиолозите а најмалку фризерите

pari-rabota

Според статистиката на бирото за вработување во Соединетите Американски Држави, најдобро платена работа во оваа земја е работата на анестезиолозите, додека најниски примања има помошник во фризерски салон.

Според овие податоци, околу 30.000 анестезиолози кои работат во САД во просек добиваат повеќе од 230.000 долари годишно, додека хирурзите, кои се на второ место на листата, примаат во просек точно 230.000 долари годишно.

Во првите десет најплатени професии во предност се оние од областа на здравството, па така на трето место на листата се наоѓаат акушерите и гинеколозите, а зад нив следат максилофацијални хирурзи, интернисти, ортодонти, општи лекари, доктори и извршни директори, кои во просек заработуваат 176.000 долари годишно.

Кога станува збор за најмалку платените работни места, тука доминираат оние кои се поврзани со прехранбената индустрија. Сепак, на прво место се наоѓаат помошниците на фризерите кои заработуват 8.94 долари за еден час, додека оние кои се вработени со полно работно време добиваат годишна плата од 18.600 долари.

Зад нив следат помошните работници во кујна, готвачи на ресторани за брза храна, мијачи на садови, касиери, хостеси во ресторани, земјоделците и земјоделските работници, помошните работници во забавни паркови, како и вратарите, кои примаат плата од 20.000 долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП