9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИЕА: Не ја пуштајте нафтата од залихите

ИЕА: Не ја пуштајте нафтата од залихите

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и понатака не гледа потреба за меѓународно координирано пуштање на нафтата од залихите на пазарите.

Ураганот Харви поремети голем дел од преработката во САД и „затвори“ некои производни погони, соопшти денес оваа агенција со седиште во Париз.

Агенцијата, која ја координира енергетската политика на индустријализираните земји, наведе дека ја следи ситуацијата во Тексас и Лузијана за да го процени влијанието на ураганот на пазарите за нафта и гас, додавајќи дека тие се добро снабдени, како и дека е во постојан контакт со властите од Соединетите Држави, пренесува агенцијата Ројтерс.

„До денес пазарните механизми и помошта од владата беа адекватни. ИЕА е подготвена да делува по потреба“, се наведува во соопштението.

„Постојат високи нивоа на залихи во погодените региони и Соединетите Држави како целина. Овие залихи се дополнуваат со увозот на бензин на источната обала од Соединетите Држави, а американскиот секретаријат за енргетика презема акција да го ублажи локалниот недостаток на нафта во Тексас така што обезбеди позајмици од сирова нафта од американските стратешки резерви“, порача ИЕА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП