18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивотното осигурување во Русија бележи импресивен раст

Животното осигурување во Русија бележи импресивен раст

Пазарот на животно осигурување во Русија во првото полугодие од 2017-та година се зголеми за 60% до 141,2 милијарди рубљи и така стана најзначајната насока во осигурителниот сектор, соопшти „ТАСС“.

Така животното осигурување го претекна долгорочниот лидер во секторот – осигурувањето за „граѓанска одговорност“, за кое беа уплатени 109,2 милијарди рубљи, според податоците на Руската централна банка.

Осигурувањето во целост се зголеми за 9,5% на 646 милијарди рубљи, со досега најзначајното учество на животното осигурување.

Средствата за осигурување на возилата намалуваат со 4% за „граѓанска одговорност“ (до 109,2 милијарди рубљи) и со 6,6% за каско (до 2,8 милијарди рубљи).

Плаќањата на осигурениците во првото полугодие се зголеми за 12% во споредба со истиот период од минатата година до 274,3 милијарди рубљи. Ова е на сметка на зголемена исплата на „граѓанска одговорност“ (од 26,1 милијарди рубљи до 103,6 милијарди рубљи). Плаќањата за животно осигурување достигнаа 17,1 милијарди рубљи (раст од 30%).

Бројот на продадени полици се зголеми за 25,5% на 88,5 милиони рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП