25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо хемиската индустрија се роди нов гигант - DowDuPont

Во хемиската индустрија се роди нов гигант – DowDuPont

Американските гиганти од хемиската индустрија „Dow Chemical“ и „DuPont“ во петокот објавија дека компаниите успешно го завршиле планираното спојување во вредност од 130 милијарди долари. Така сега нова мега компанија наречена „DowDuPont“ е родена во индустријата, објави „Ројтерс“.

Акциите на „DuPont“ и „Dow“ беа запрени од трговија на 31-ви август и од понеделник ќе се тргуваат на „New York Stock Exchange“ под берзанскиот код „DWDP“.

„Dow“ и „DuPont“ го објавија своето спојување во декември 2015-та година.

„Реалната вредност на ова спојување се крие во планираното создавање на три мотори* на индустријата, кои ќе ги дефинираат своите пазари“, вели Ендрју Ливерис, извршен претседателот на „DowDuPont“, во изјавата од петокот.

Во рамките на 18-те месеци по спојувањето „DuPont“ и „Dow“ планираат поделба на три одделни, јавно тргувани компании кои ќе се занимаваат со земјоделство, научни материјали и производство и продажба на специјализирани производи.

Во јуни, компаниите добија безусловно „зелено светло“ од американските власти. Одобрението од страна на САД следува по „зеленото светло“ од ЕК во март, откако „DuPont“ се согласи да се откаже од дел од своите активности во областа на пестицидите, вклучувајќи и истражување и развој.

Кинеското Министерство за економија, исто така, го одобри договорот под одредени услови. Властите во Бразил и Индија го одобрија договорот, а потоа и Канада.

* Се имаат во предвид други две големи зделки во кои кинескиот државен концерн „ChemChina“ го купи конкурентот „Syngenta“ од Швајцарија за 43 милијарди долари, а германскиот концерн „Bayer“ се обидува да го придобие американски „Monsanto“ за 66 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП