29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриската активност во САД со најголем раст за 6 години

Индустриската активност во САД со најголем раст за 6 години

Индустриската активност во САД во август порасна енергично, што е веројатен знак за зајакнување на економијата на земјата благодарение на порастот на новите нарачки, производството и вработувањето, пренесува агенцијата АП.

Институтот за управување со снабдувањеto (ИСМ) денеска објави дека неговиот индекс се зголеми на 58,8 поени минатиот месец, во споредба со 56,3 поени забележани во јули.

Ова е највисоко ниво од април 2011 година. Економистите анкетирани од страна на Ројтерс предвиделе вредност од 56,5 поени.

Секоја вредност над 50 поени зборува за експанзија во секторот, а секоја вредност под 50 за намалување.

Индустрија генерира околу 12% од БДП во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП