4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа земјоделците и преработувачите им беа исплатени 110 милиони денари субвенции

На земјоделците и преработувачите им беа исплатени 110 милиони денари субвенции

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во текот на вчерашниот ден исплатила околу 110 милиони денари како поддршка на земјоделците и преработувачките капацитети. Од нив, 39,8 милиони денари им се исплатени на винарските визби за откупеното грозје.

В.д. директорот на Агенцијата, Никола Бабовски, на прес-конференција истакна дека средствата им се исплатени на 13 винарници, а две се избришани од регистарот и тие од законски причини нема да добијат субвенции за реколтата 2015/2016 година.

– Средствата беа ветени како поддршка за да може годинашниот откуп на грозјето да се заврши без никакви проблеми. Ова се субвенции што винарските визби ги добиваат за реколтата 2015/2016 година за сортите „вранец“ и „смедеревка“ – рече Бабовски.

Освен за винарниците, дел од исплатените 110 милиони денари е наменет за рурална инфраструктура, поддршка на саемите, за органско производство… Во изминатите две недели, пак, исплатени се 6,5 милиони евра субвенции.

Директорот Бабовски најави дека ќе се обидат до крајот на годината да исплатат сѐ што е заостанато од 2015 и 2016 година доколку се исполнети условите за аплицирање.

На 15 септември истекува и аплицирањето за финансиска поддршка за 2017 година поради што од Агенцијата апелираат земјоделците што е можно побргу да ги поднесат потребните барања.

– Моментно имаме повеќе од 53 илјади апликации, меѓутоа како што се ближи крајниот рок, очекуваме следниве денови оваа бројка да достигне до 72 илјади – рече директорот Бабовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП