4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку „тежи” Обама

Колку „тежи” Обама

obama

Американскиот претседател Барак Обама поседува имот во вредност помеѓу 1.85 и 6.88 милиони долари, од кои помеѓу еден и пет милиони долари му се во среднорочни хартии од вредност од Министерството за финансии, произлегува од финансискиот извештај кој е објавен на веб-сајтот на Белата куќа.

Обама и неговата сопруга Мишел, во април пријавиле бруто приход од 608.611 долари за минатата година, што е помалку од претходната, бидејќи приходите од неговите книги кои некогаш многу добро се продавале, драстично се намалиле.

Како претседател, тој има право на плата од 400.000 долари годишно, пренесува Ројтерс.

Претседателот на име на хипотекарен кредит за куќа во Илиноис пријавил помеѓу 500.000 и еден милион долари.

Заменик-претседателот Џо Бајден, пријавил имот во вредност помеѓу 439.031 и 1,7 милиони долари. Бајден, исто така изјавил дека има финансиски обврски меѓу 755.000 и 1.670.000 долари, вклучувајќи го и хипотекарниот кредит кој изнесува помеѓу половина милион и еден милион долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП