2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМОН ги повика наставниците да пријават грешки во учебниците

МОН ги повика наставниците да пријават грешки во учебниците

Министерката за образование, Рената Дескоска, ги повикува  сите наставници и професори на стартот на новата учебна година да укажат на грешките во учебниците, директно на интернет страница на Министерството.  Таа исто така информираше дека за учебниците во кои се пишува  се склучени договори и тие ќе бидат дистрибуирани до училиштата најдоцна до 15 септември, а истиот рок важи и за најголемиот број други учебници.

„Минатата недела испратен е допис до сите училишта и креирана е апликација преку која наставниците и професорите од сите училишта  се поканети да укажат на грешки и проблеми во учебниците. На директорите им е испратена лозинка, со која преку e-ucebnici.mon.gov.mk, наставниците можат лично да ги внесат бараните податоци. Ги очекуваме одговорите од наставниците и професорите до 15 септември. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите нив да се вклучат активно во овој консултативен процес“, стои во соопштението од кабинетот на Дескоска. Таа најави исто така дека во втората фаза ќе почне и консултативен процес за соодветноста на изборот на лектири за основно и средно образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП