На работа денес на никој не му е сјајно, сите сме под стрес, немаме доволно време за себе и не постигнуваме да ги завршиме сите обврски.
Секогаш постои нешто што човекот може сам да го направи за себе и со тоа да го намали влијанието на надворешните фактори кои влијаат на нашето расположение. Како да уживате во она што го работите?
Не се споредувајте со другите
Понекогаш ни се чини дека другите се на подобра позиција од нас или дека се посреќни од нас, но прашањето е дали ние доколу сме на нивното место би се чуствувале исто така.
Не се вознемирувајте од работите на кои не можете да влијаете
Ова е многу важно. Кога ќе сватите дека некои работи едноставно не зависат од вас, ќе елиминирате голем дел од стресот во својот живот. Не можете да го промените карактерот на вашиот шеф, колегите или однесувањето на другите луѓе.
Не се обврзувајте за она што не можете да го направите
Позитивно е тоа што имате ентузијазам и што сте вредни, но не давајте ветувања ако однапред знаете дека задачата не можете да ја завршите на време или поради неа ќе страда вашата примарна работа.
Одбегнувајте ги омразата и бесот
Омразата и бесот се емотивни реакции кои трошат енергија и го нарушуваат здравјето. Ако се случи нешто лошо а вие можете да го промените тоа, променете го!
Научете да мечтаете
Дозволете им на мислите да одлутаат, дури и на работното место. Најдобрите позитивни идеи се раѓаат во таквите моменти, научете да мечтаете и опуштете се.