7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Катастарот

Се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Катастарот

Граѓаните што од страна на Агенцијата за катастар на недвижностите се одбиени по кој било основ од денеска нема повеќе да плаќаат надомест за повторно поднесување пријава.

Тоа значи дека од денеска се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижностите.

Директорот на Катастарот, Борис Тунџев, по минатонеделната средба со министерот за транспорт и врски изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер кој треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка.

Од Катастарот најавуваат намалување и на дел други услуги, како што е надоместокот што граѓаните го плаќаат за запишување одредени права, како и намалувања во сегментот на користење на податоците од Агенцијата за катастар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП