5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија усвои рекорден буџет

Јапонија усвои рекорден буџет

japa1

Јапонскиот парламент усвои рекорден буџет од 92.600 милијарди јени (700 милијарди евра) за оваа фискална година.

Во планираниот буџет се зголемени расходите за јавни работи со цел да се оживее економијата која е во стагнација.

Во буџетот за оваа година за прв пат после 11 години се зголемија средствата за војската.

Премиерот Шинзо Абе стапи на функцијата на крајот на декември, а промената на власта го одложи составувањето на буџетот.

Абе ги зголеми расходите со цел да го поттикне излезот од стагнација, но со тоа ги зголеми и шансите на својата либерално-демократска партија на изборите во јуни.

Речиси една половина од предложениот буџет ќе биде финансиран од продажбата на владините обврзници. Јапонскиот јавен долг е речиси двојно поголем од бруто домашниот производ, а владата вети дека ќе го зголеми данокот на промет, со цел да го намали долгот и ќе создаде реформи за создавање на повеќе конкурентна економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП