28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Побрз раст на економијата во вториот квартал, но вкупниот домет под...

САД: Побрз раст на економијата во вториот квартал, но вкупниот домет под просекот

Американската економија во вториот квартал од 2017 година порасна со најбрзото темпо за последните две години, значително посилно отколку првичните проценки, наведува Министерството за трговија на САД.

Бруто домашниот производ (БДП) од април до јуни порасна за три проценти во споредба со една година претходно.

Стапката на раст значително е зголемена, пред се поради зголемениот раст на личната потрошувачка и силните инвестиции на компаниите, отколку што првично беше проценето.

И покрај зголемената проценка за раст во вториот квартал, најголемата светска економија порасна во првата половина од годината за само 2,1 проценти, под просекот во изминатите три години, кој изнеусва 2,2 проценти.

Растот, сепак, ги надмина очекувањата на економистите кои во просек очекуваа пораст на БДП за 2,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП