18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Jimmy Choo скокна речиси три пати пред да биде купена...

Профитот на Jimmy Choo скокна речиси три пати пред да биде купена компанијата

Производителот на луксузни чевли „Jimmy Choo“, кој е предмет на купување од американскиот трговец на мало „Michael Kors“, соопшти дека профитот пред даноците за првото полугодие скокнал речиси тројно поддржан од бизнисот со трговија на мало и лиценцирање.

Профитот пред даноците за шесте месеци до 30-ти јуни изнесува 18,1 милиони фунти наспроти 6,6 милиони фунти во минатата година, пренесува „Ројтерс“. Приходите се зголемија за 4,5% до 201,6 милиони фунти.

„Michael Kors“ договори купување на „Jimmy Choo“ пред два месеци за сума од 1,2 милијарди долари, чии чевли на високи потпетици станаа познати поради личности од принцезата Дијана до моделот Кендал Џенер.

Претседателот на „Jimmy Choo“, Питер Харф рече дека договорот отвора нови возбудливи можности.

„Заедничката визија и препознатливат привлечност на овие два брендови ќе обезбедат возбудлива платформа да постигнеме глобалното лидерство во трговијата со луксузни стоки на мало“, вели Харф во соопштението.

Приходите од јапонската подружница се зголемија за 11% при постојаните девизни курсеви, поддржани од континуираниот раст во делот за мажи.

Без Јапонија бизнисот на компанијата во Азија се проширил со 8,2% при постојани девизни курсеви како резултат на силна побарувачката за сезонските модни предлози.

Акциите на „Jimmy Choo“ поскапеа за околу 0,2% во предпазарната трговија во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП