22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Канада изненадувачки забрзува во вториот квартал

Економскиот раст на Канада изненадувачки забрзува во вториот квартал

Економскиот раст на Канада се засили во вториот квартал на годишна стапка од 4,5%, главно како резултат на најголемото зголемување на потрошувачката на домаќинствата од предкризниoт период 2008-2009 година, објави „Блумберг“. Очекувањата беа за зголемување од 3,7 проценти – како што беше во првите три месеци од годината.

Забрзувањето на растот ја зголемува можноста канадската централна банка да продолжи да ги зголемува каматните стапки во текот на следните месеци. Регулаторот во јули предвидуваше мал вишок на производствениот капацитет кој ќе треба да се елиминира до крајот на годината.

Само во јуни, БДП-то на Канада се зголеми за 0,3 отсто благодарение на забрзувањето во градежништвото, кое треба да ги отфрли загриженостите дека ќе има забавување во втората половина од годината.

Канадската економија има корист од голем број на настани, иако некои се привремени. Тие вклучуваат глобално закрепнување и зголемување на обемот на трговијата, зголемување на индустриското производство во развиените економии и зголемување на цените на имотот во Торонто и Ванкувер.

Податоците од четвртокот, исто така, сугерираат дека канадската економија можеби ќе може да забележи пораст од 3 отсто во 2017-та година. Ако тоа се случи, тоа ќе стави крај на петгодишната серија на зголемување под 3 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата се прошири со годишна стапка на раст од 4,6% во вториот квартал, а првото зголемување изнесуваше 4,8%. Ова е најдобра изведба од два последователни квартали пред рецесијата во 2008-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП