7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на јапонското фабричко производство

Пад на јапонското фабричко производство

Јапонското фабричко производство опадна во јули 2017 година, откако производителите ја намалувале стоката на залиха, покажуваат податоците на владата.

Индустриското производство се лизнало надолу за 0,8 проценти на месечно ниво, по ревидираниот раст од 2,2 проценти за јуни, соопшти Министерството за трговија и индустрија, а пренесува агенцијата Франс прес.

Падот е поголем од очекуваното, со оглед на тоа дека економистите во анкетата на Блумберг прогнозираа намалување за 0,3 проценти.

Министерството сепак остана при ставот дека производната активност е на пат на закрепнување, оценувајќи дека јулскиот пад бил „мал“, имајќи го во предвид големиот раст во јуни.

„Залихите се намалени, што укажува на тоа дека јапонското фабричко производство продолжува да закрепнува“, наведе министерството.

Економските изгледи на Јапонија се подобруваат на „крилата“ на силниот извоз, иако веќе долго е присутна загриженоста во поглед на вкупната инфлација која и понатака е слаба и покрај повеќегодишните напори на владата да го поттикне нејзиниот раст, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП