4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло со локална облачност

Сончево и топло со локална облачност

Во петок, во Македонја, ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Минималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 15 а максималните ќе се движат во интервал од 29 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и максималната температура која ќе се искачи до 34 степен.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места максималната температура ќе биде над просекот за овој период oд годината.

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Од понеделник следува стабилно, посвежо и ветровито време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП