9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтсега по електронски пат барања за изводи од матичната книга на родени

Отсега по електронски пат барања за изводи од матичната книга на родени

Управата за водење на матичните книги го стави во функција порталот за поднесување на барање за издавање на изводи од матичната книга на родени по електронски пат.

Граѓаните може да аплицирате за издавање на извод на родените на обичен, интернационален или двојазичен образец. Овозможено е лицата кои сакаат да извадат извод од матичната книга на родени, истото да го направат со кликнување на следниот линк e-portal.uvmk.gov.mk, со што ќе можат барањето да го поднесат електронски и соодветно да изберат во кое матично подрачје ќе сакаат да си го подигнат изводот. Лицата кои ќе поднесат апликација за извод, ќе добијат соодвена нотификација на е-маил адресата која е оставена за контакт од нивна страна, кога да дојдат до шалтерите на Управата за да си го подигнат изводот.

„Напоменуваме дека барање за издавање на изводи мора да се поднесе лично и изводот на шатерите ќе мора да се подигне лично со покажување на документ за лична идентификација. Исто така родителите може да поднесат барање за своето малолетно дете. За сите дополнителни информации околу барањето за поднесување на изводот може да се најдата во Упатството за оваа намена, во кое се објасните сите чекори за барањето или пак контактирајте ја Управата на адреса: [email protected]“, соопшти Управата за водење на матичните книги.

До крајот на годината преку овој портал ќе биде возможно да се аплицира и за изводи од матична книга на венчани и матична книга на умрени. Ќе биде овозможено овие документи граѓаните да ги добиваат на нивните домашни адреси.

„Овој проект е чекор поблиску до подобра и поефикасна администрација, која на граѓаните им овозможува добивање на услуги од матичната евиденција во времето кое сами го одредуваат“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП