10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИницијатива за креирање програми за поддршка на социјалното претприемаштво кај младите

Иницијатива за креирање програми за поддршка на социјалното претприемаштво кај младите

Во Охрид завчера и вчера се одржа дводневна работилница со наслов „Вмрежување на општините, бизнис-заедницата и невладините организации“ во рамките на проектот „Солве ит – Школа за социјално претприемаштво“ имплементирана од организацијата „Млади инфо интернационал“ (Solve it – Школата за социјално претприемаштво е спроведувана од „Млади инфо интернационал“, а е во рамките на проектот „Заедно за успех: Млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односни“, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Фондацијата за претприемачки сервис за млади (координатор), Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Фондацијата „Евроцентар“ и Здружението на граѓани „Милениум“).

На средбата на која присуствуваа претставници на општините Чаир и Центар, како и бизнис-компании и невладни организации од истоимените општини, се заклучи дека овие институции во иднина треба да се трудат да наоѓаат можности за соработка, особено во делот на социјалното претприемаштво како еден нов вид претприемаштво кое е актуелно во минатите години на глобално ниво.

Меѓу другото, на средбата произлезе иницијатива која ќе биде споделена со другите општини и невладини организации на територијата на град Скопје и пошироко, во која се бара од кандидидатите на претстојните локални избори во своите програми да прецизираат повеќе активности, проекти и иницијативи за поддршка на социјалното претприемаштво. Особено бидејќи оваа област претставува можност за заеднича соработка на споменатите три сектори (општините, невладините организации и бизнис-заедницата) и дава основа за креирање повеќе работни места и одржливи бизниси на локално ниво.

На овој начин со создавање посебни програми и фондови, како и со инволвираност на локалната власт, бизнис-заедницата и невладиниот сектор, може многу да се влијае на подобрување на економската и бизнис-климата во самите општини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП