4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМускатно оревче против стомачни проблеми

Мускатно оревче против стомачни проблеми

Карактеристичниот вкус на мускатното оревче им дава посебен шмек на јадењата, но овој зачин е и многу лековит.

Мускатното оревче е семе од зимзеленото дрво „Myristica fragrans“. Овој зачин е многу застапен во кулинарството, се додава во слатките јадења, во солените, но и во пијалоците.

Мускатното оревче делува благотворно на бројни стомачни проблеми. Може да го подобри варењето, да ја ублажи дијареата и мачнината, ги намалува болките, но има и смирувачко дејство.

Покрај тоа, овој ароматичен зачин има и антибактериско дејство и ефикасен е во лекувањето на усната шуплина и хранопроводот. Препаратите кои содржат мускатно оревче ги ублажуваат ревматските тешкотии и поефикасно делуваат врз човековото тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП