30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден пад на куповната моќ на Французите

Рекорден пад на куповната моќ на Французите

Mormon Conference

Куповната моќ на Французите минатата година се намалила за 0,9 проценти, соопшти францускиот Завод за статистика, кој ја ревидираше претходната мартовска проценка од 0,4 проценти.

Тоа е рекордно намалување на куповната моќ во Франција од 1984 година, кога беше забележано намалување од 1,1 проценти.

Според соопштението во минатата година бруто приходите на француските домаќинства се зголемени за 0,9 проценти, но растот на расходите изнесува 1,9 проценти.

Една од клучните причини за пад на куповната моќ е растот на даночните стапки, по донесувањето на мерките на новоизбраната социјалистичка влада на Франсоа Оланд.

Растот на даноците за богатството, поголемата потрошувачка за социјално и пензиско осигурување на вработените и укинувањето на стариот начин на пресметување на надоместокот за прекувремена работа, очигледно влијаеа на падот на куповната моќ на граѓаните, се додава во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП