19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony сака да испорача 16 милиони LCD телевизори

Sony сака да испорача 16 милиони LCD телевизори

sony-bravia-zx-lcd-tv

Компанијата „Sony“ се надева дека ќе успее да испорача 16 милиони „LCD TV“ апарати во рамките на фискалната 2013-та година, а тоа би било 19 проценти повеќе отколку во фискалната 2012-та година.

Во „Sony“ истовремено се надеваат дека на овој начин би можеле да ги елиминираат претходните загуби кои настанаа во работењето со телевизорите со рамни екрани.

Јапонскиот електронски гигант испорача околу 13.5 милиони „LCD“ телевизори во текот на 2012-та година, заедно со 33 милиони паметни телефони, 7.6 милиони персонални компјутери и 15 милиони дигитални камери. „Sony“ ги оддржува највисоките стандарди за компанијата за оваа година, па поради тоа нивната цел е на 16 милиони корисници во тектот на оваа година да им достават „LCD“ телевизори, а исто така и зголемување на бројката на паметни телефони која би изнесувала 42 милиони уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП