Министерството за труд и социјална политика потпиша договори со граѓанските организации што беа избрани на јавните конкурси за поддршка на проекти. Потпишаните договори се резултат од јавните конкурси што беа објавени во јули 2017 година.
Вкупниот фонд изнесува 2.400.000 денари, а комисијата во Министерството ги избра проектите на следниве организации: здружението „Отворете ги прозорците“, Здружението за заштита на правата на детето, кризниот центар „Надеж“, Организацијата на жените на град Скопје, Националниот совет за родова рамноправност, Црвениот крст на Република Македонија – Црвен крст на град Скопје и здружението на граѓани „ХОПС – Опции за здрав живот“.