17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА662 лица конкурирале за финансиска помош за млади земјоделци

662 лица конкурирале за финансиска помош за млади земјоделци

Заврши рокот за пријавување за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра на млади земјоделци за почнување земјоделска дејност. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), за мерката конкурирале 662 лица.

Во моментот се врши евалуација на пристигнатите апликации со цел да се утврди подобноста на апликантите, односно дали ги исполнуваат пропишаните услови во огласот. Евалуацијата се очекува да заврши до почетокот на октомври.

Потоа, на пријавените што ги исполниле условите АФПЗРР ќе им издаде решение по што следува склучување договор за финансиска поддршка. Оние пријавени што не ги исполниле пропишаните услови, ќе добијат решение дека се одбиени со образложение на причините.

Пријавените што ќе бидат корисници на мерката, кога ќе го склучат договорот, треба да започнат со извршување на инвестициите во согласност со својот деловен план. Потоа АФПЗРР ќе врши редовни контроли, колку реализираното на терен е во согласност со понудениот бизнис-план од страна на пријавениот.

По извршување на инвестицијата, пријавениот е должен до АФПЗРР да достави барање за исплата по што ќе е рефундираат финансиските средства што тој ги потрошил за инвестицијата. Исплатата на неповратните 10.000 евра се очекува да биде завршена до крајот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП