10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија планира да ја забрани продажбата на биткоини на физички лица

Русија планира да ја забрани продажбата на биткоини на физички лица

Рускиот заменик-министер за финансии Алексеј Мојсеев изјави дека биткоинот наликува на „високоризична финансиска пирамида“, а во исто време се планираат прописи кои потенцијално можат да ја забранат продажбата на криптовалутата за обичните инвеститори или физичките лица.

Во телевизиското интервју со руската телевизија „Россия 24“, Мојсеев ги коментираше предложените прописи за биткоинот во Русија, идејата која беше претставена повторно од него уште во април. Руската држава размислува за  регулации и ефективна законитост на биткоинот, изјави претставникот тогаш, за да се следат трансакциите со биткоини во земјата.

За време на интервјуто оваа недела Мојсеев сепак изјави: „Има една гледна точка, според која криптовалутите како биткоинот претставуваат финансиска пирамида. Ваквите инвестиции се со висок ризик. Ова го одредува нашиот пристап за нивно регулирање“.

Планираните прописи може да им дозволат „само на квалификувани инвеститори да купуваат и продаваат биткоини“, рече Мојсеев. Квалификуваните инвеститори ќе вклучуваат приватни инвеститори, рече тој, додавајќи дека Министерството за финансии дискутира со централната банка на Русија и Берзата на Москва за регулациите на биткоинот.

Мојсеев ги поведе напорите за забрана на биткоинот во Русија уште во 2014-та година, така што Министерството за финансии достави предлог пред парламентот, кој предвидуваше глоба и дури затвор до 7 години за Русите, кои се занимаваат со биткоини. Предлог-законот сепак не продолжи напред, а голем број руски министерства, вклучувајќи за правда, не дадоа согласност за проектот. Предлог-законот падна оваа година, кога властите одлучија дека биткоинот не е закана.

„Сега луѓето го прават на сопствен ризик и опасност, тие немаат судска заштита“, изјави Мојсеев во однос на отсуството на мерки за потрошувачката заштита за купувачите на биткоини во земјата. Ова веројатно е добра причина за руското Министерство за финансии да ја забрани продажбата на биткоинот на поединци во целина.

Мојсеев, исто така, рече дека употребата на криптовалутата во илегалните операции е зголемена во Западна Европа и Русија. И покрај недостатокот на какви и да се објективни докази, Мојсеев рече дека рускиот финансиски надзорен орган „секогаш ќе знае кој продава и кој купува биткоини“, кога новите правила ќе влезат во сила. „Бидејќи сега има преседан во кој се купуваат пари преку купување и продажба на биткоинот. Тоа мора да престане“, додаде Мојсеев.

Заменик-претседателот на Руската централна банка Олга Скоробогатова исто јавно го коментираше регулирањето на дигиталните валути, на пример биткоинот, како „дигитална суровина“, која треба да биде оданочувана. Банката, исто така, развива сопствена национална дигитална валута базирана на блок-технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП