6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Санкциите всушност и ни помогнаа

Русија: Санкциите всушност и ни помогнаа

Западните санкции наменети за Русија и овозможија одреден степен на мобилизација на руската економија, соопшти министерот за економски развој на Русија, Максим Орешкин.

Тој, по состанокот со француските економисти во Париз, додаде дека сепак, во иднина тие ограничувања ќе ги спречат сите страни да развијат конструктивни односи.

„Секое санкционирано ограничување им штети на сите партнери и го попречува развојот на оние активности кои би можеле заеднички да се развиваат меѓу руските и европските партнери“, изјави Орешкин пред новинарите

Рускиот министер наведе дека „навистина, во моментот кога биле воведени санкциите, тие имале влијание на платниот биланс и динамиката на руската економија“.

„На многу начини тие станаа и мотивационен фактор за руските компании, за руското население, за руските власти поактивно да делуваат во развојот на сопствената економија. И од таа гледна точна постои одреден позитивен ефект“, истакна министерот за економски развој.

„Но ограничувањата само ќе пречат, бидејќи Русија е дел од глобалниот свет и ние мораме да развиваме проекти заедно со нашите партнери, а таквите ограничувања, кои нашите партнери ги воведуваат, му попречуваат на развојот на заеднички проекти“.

Новите санкции на САД отвораат дополнителни можности за проширување на соработката меѓу Русија и партнерите од ЕУ, смета Орешкин.

„Говоревме за санкциите, за прашањето за новото законодавство на САД. Овде истакнав дека реакцијата на европските партнери, европските компании, е попозитивна, па оваа ситуација има многу мало влијание на односите меѓу Русија и Европа. Може дури да се каже и дека дава нови можности за европските партнери. Тие тоа го разбираат и имаат намера активно да го развиваат својот бизнис во Русија“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП