18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНивото на Црн Дрим трипати пониско од просекот за август

Нивото на Црн Дрим трипати пониско од просекот за август

Денеска нивото на реката Црн Дрим кај Ложани е трипати пониско од просекот за август така што, наместо 121 сантиметар, изнесува 39, информира УХМР.

Намалување на водостоите речиси повеќе од двојно е забележано и кај Вардар во мерните места Јегуновце, Скопје – Зајчев Рид и Велес, на Крива Река кај Крива Паланка, како и на Сатеска кај Ботун.

Поголеми отстапувања нема на Вардар кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод и на Брегалница кај Берово, а минимално зголемување на нивото, само три сантиметри, покажува Пчиња кај Катлановска Бања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП