4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемени приходите на RWE

Зголемени приходите на RWE

rwe1

Германскиот енергетски снабдувач „RWE“ објави дека во првиот квартал од оваа година ги зголемил своите приходи и добивката, воедно потврдувајќи ги прогнозите за цела 2013 година.

Приходите се зголемиле за 2,9 проценти, на 16,1 милијарди евра.

Нето добивката е зголемена за осум проценти, на 16,1 милијарди евра, а добивката пред оданочувањето, каматите, депресијација и амортизација е намалена за 2,7 проценти, на 3,1 милијарди евра.

Програмата за поефикасно работење и подобрата цена на гасот влијаеа на деловните резултати, додека во работењето со производство на електрична енергија од конвенционални извори на групата забележана е значително помала заработка.

Потрошувачката на енергијата на „RWE“ на клучните пазари е намалена поради негативната економска прилика, се наведува во соопштението. Групата забележала четири процентен пад во обемот на продажба на електрична енергија во првиот квартал, првенствено поради суспензијата на посебни аукции на електрична енергија за индустриските потрошувачи во Германија.

Од компанијата потврдија дека за оваа година очекуваат оперативна добивка од околу 5,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП