26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензинот во САД дивее, цените скокнаа на двегодишен максимум

Бензинот во САД дивее, цените скокнаа на двегодишен максимум

Цената на бензинот во САД скокна на двегодишен максимум, откако тропската бура Харви повторно удри на американското крајбрежје на мексиканскиот залив.

Рафинеријата „Port Arthur“ во сопственост на компанија „Motiva Enterprises“, најголемата во земјата, започна со контролирано затворање на погоните поради големите поплави, известува агенцијата Блумберг.

Тој прекин на производството влијаеше на скокот на цените на моторното гориво на берзата во Њујорк од дури 6,6 проценти, додека падот на побарувачката за нафта од фабриките погодени со олујата ја држи цената на црното злато на најниското ниво во пет недели.

Цената на бензинот за испорака во септември, чие договарање истекува денес, порасна за 11,76 центи на 1,9009 долари по галон (3,78 литри) на Њујоршката стокова берза, што е највисоко ниво во повеќе од две години.

Бензинот за испорака во октомври е договорен за 5,7 центи повеќе, на 1,6587 долари на тргувањето вчера рано попладне во 13:40 часот во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП