28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите државни шалтери од утре ќе работат до 21,30 часот

Сите државни шалтери од утре ќе работат до 21,30 часот

Од утре почнува да се применува одлуката за распоред на работното време во органите на управата.

Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи и слична документација, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Ова значи дека од утре шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7,30 до 21,30 часот.

Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП