3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот надвор од градските средини се одвива тековно

Сообраќајот надвор од градските средини се одвива тековно

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП