29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром ќе ги учи невработените како да се вработат

Општина Аеродром ќе ги учи невработените како да се вработат

Општина Аеродром, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, утре ќе организира обука за невработените лица.

Со обуката тие ќе стекнат меки вештини, како пишување работна биографија и мотивациско писмо според Европас-форматот, ќе ги подобрат комуникациските вештини и ќе се запознаат со поволностите што ги нудат европските мрежи и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат обуката на која ќе може да дознаат повеќе за комуникациските вештини потребни при вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП