7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија сака да избегне новo „ледено доба“ во односите меѓу Русија и...

Германија сака да избегне новo „ледено доба“ во односите меѓу Русија и Западот

Германија и Европа сакаат да се уверат дека новите американски санкции против Русија нема да доведат до ново „ледено доба“ во односите меѓу Русија и Западот, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, цитиран од „Ројтерс“.

Габриел изјави дека разговарал со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон за санкциите за време на нивниот состанок во Вашингтон. Тој изрази благодарност за тоа дека претседателот Трамп прифатил да ги координира понатамошните врски со американските сојузници.

„Како Европејци, ние чувствуваме големи стравувања дека тоа ќе има непредвидени последици за Европа“, истакна Габриел. „Ние не сакаме да ги уништуваме целосно бизнис односите со Русија, особено во енергетскиот сектор“, додаде тој.

Претходно овој месец Трамп одобри нови санкции против Москва поради анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014-та година, како и заради наводен обид за мешање во претседателските избори во САД во минатата година. Русија ги негира обвинувањата за интервенцијата, упатени од американските разузнавачки агенции, потсетуваат агенциите.

Габриел го критикуваше американското решение. Министерот за надворешни работи рече дека новите санкции ги изложуваат европски компании кои се вклучени во енергетските проекти во Русија, со казни за кршење на американските закони. Германската министерка за економија Бригите Циприс дури ги повика ЕУ да усвои соодветни мерки против САД ако новите санкции против Русија ги засегнат германските претпријатија.

Европските лидери се загрижени дека новите санкции ќе имаат не само економски последици, туку може да доведат до ново „ледено доба“ меѓу Русија и Западот“, истакна Габриел.

Покрај загриженоста на Европа во врска со санкциите, германскиот министер за надворешни работи изјави дека Москва треба да го заврши својот дел од работата по спроведувањето на договорот за прекинот на огнот во источна Украина, вклучувајќи за повлекувањето на тешкото оружје. „Ова ќе е почетна точка за подобрување на односите“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП