6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолегите се почесто ни стануваат пријатели, но сепак не најдобри

Колегите се почесто ни стануваат пријатели, но сепак не најдобри

Поради недостатокот на време луѓето имаат се помалку време за градење на односи со нови луѓе, но затоа пак, се зближуваат со колегите. Нaјдобрите пријатели всушност се оние најстарите пријатели.

Околу 27 проценти од луѓето својот најдобар пријател го запознале на работа, 11 проценти од нив преку други пријатели, а 10 проценти на факултет. Секој трет човек повеќето свои денешни пријатели ги пронаоѓа на работа, а најчеста причина за продолабочување на односот со колегата е недостатокот на слободно време за одржување на „старите пријателства“, покажа студијата на британскиот мобилен оператор O2. Околу 10 проценти од луѓето велат дека нивната група на пријатели се состои од оние кои ги запознале за време на средното школо или факултетот.

Третина од возрасните својот најдобар пријател го запознале уште во училишните клупи, а поради забрзаното темпо на живот и премалото слободно време ретко кој денес има време да вложува во нови пријателства, пишува Дејли Мејл.

Околу 27 проценти од луѓето својот најдобар пријател го запознале на работа, 11 проценти преку други пријатели, а 10 проценти од нив на факултет. Пријателставата кои настанале во најмладите години се и најтрајни, но се ретки, покажала студијата.

„Денес буквално сме присилени да се спијателиме со лицата на работа бидејќи таму поминуваме многу време, добро се запознаваме и знаеме многу едни за други. Сепак, иако тие пријателства се чести, не се така цврсти и искрени како оние од помалите години“ велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП