10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСокот од портокал и лененото масло ќе ви помогнат да го надминете...

Сокот од портокал и лененото масло ќе ви помогнат да го надминете заморот

Сокот од портокал и ленено масло ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата, особено ако често страдате од замор.

Простите шеќери кои нагло ги внесуваме во организмот со консумирањето на слатки се брзо решение за кревање на енергијата кое трае помеѓу 15 и 40 минути.

Долготрајно влијание ќе ви пружи токму портокалот во комбинација со лененото масло. Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е тука да го забави излегувањето на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и на тој начин обезбедува рамномерно создавање енергија во траење од неколку часови.

Тоа не е единствената предност на користењето на овој здрав производ. Исто така, ќе ви помогне во превенцијата од кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажале дека редовното користење ленено масло го намалува зголемениот крвен притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП