21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата во еврозоната е продлабочена во првиот квартал

Рецесијата во еврозоната е продлабочена во првиот квартал

evrozona-dlaboko

Рецесијата во еврозоната дополнително е продлабочена, откако во првото тромесечие е забележан пад од 0,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска европската канцеларија за статистика Евростат.

Девет од 17 членки на еврозоната се наоѓаат на листата земји кои се во рецесија, а на кои им се приклучи и Франција, се наведува во извештајот на Евростат.

Еврозоната бележи забавување од четвртото тромесечие во 2011 година.

Најпрво само периферните членки на еврозоната, како што се Грција и Португалија, забележаа пад, но „заразата“ сега се прошири и на т.н. клучни земји од монетарната унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП