4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Добра идеја, да му покажеме на светот дека можеме

Меркел: Добра идеја, да му покажеме на светот дека можеме

Германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржа идејата за основање на Европскиот монетарен фонд.

Таа изјави дека би можела да замисли и комбинирана функција на европскиот министер за економија и финансии. Коментаторите ова го толкуваат како поддршка за продлабочување на интеграцијата во еврозоната.

Меркел изјави на конференција за новинари дека ja поддржува „многу добрата идеја“ на својот министер за финансии Волфганг Шојбле за трансформирањето на европскиот фонд за итна финансиска интервенција во Европскиот монетарен фонд.

„Тоа би можело да не направи уште постабилни и да ни овозможи да му покажеме на светот дека ги имаме сите механизми во еврозоната за реагирање во неочекуваните ситуации“, изјави Меркел.

Таа додаде дека не ја отфрла идејата на Франција за воспоставување на заедничка функција на европскиот министер за финансии.

„Можам да замислам комбиниран министер за економија и финансии“, изјави германскиот канцелар и оцени дека тоа би можело да овозможи подобра координација на буџетска и економска политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП