4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСкопје ќе добие книжарница отворена и за миленичиња

Скопје ќе добие книжарница отворена и за миленичиња

Издавачката куќа „Антолог“ отвора нова книжарница во самиот центар на Скопје, веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“. Новиот продажно-изложбен салон на „Антолог“ ќе почне да работи од петок.

„Новата книжарница е следната приказна што ја испишуваме на барање на нашите читатели, простор што ќе биде поблиску до книгољупците, но ќе го задржи оригиналниот уметнички концепт по кој досега нè препознаваа. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, и оваа книжарница ќе им понуди на љубителите на уметноста голем избор на книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“.

Работното време на книжарницата, во која е дозволено и присуство на домашни миленичиња, ќе биде од понеделник до сабота од 9 до 21 часот, што значи вистинско целодневно уживањеза сите љубители на читањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП