
Некои од корисниците од општините Центар, Аеродром и Сарај утре ќе останат без електрична енергија поради закажани технички зафати, информираат од РЦУК Скопје.

Некои од корисниците од општините Центар, Аеродром и Сарај утре ќе останат без електрична енергија поради закажани технички зафати, информираат од РЦУК Скопје.
Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од село Бојане, а од 13.30 до 15 часот корисниците од село Копаница во општина Сарај.
Утре од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Тасино Чешмиче со броевите од 9 до 43 во општина Центар, а во периодот од 12 до 15 часот корисниците од улицата Гаврил Константиновиќ во општина Аеродром.