28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманците се чудат на шпекулациите: Ние и еврото? Не!

Романците се чудат на шпекулациите: Ние и еврото? Не!

Лидерот на владеачката Социјалдемократска партија во Романија, Ливиј Драгнеа ги отфрли наводите дека оваа земја планира да го воведе еврото како државна валута до 2022 година.

Како што изјави, неопходни се дополнителни анализи пред да се донесе било каква одлука за тоа.

Драгнеа изјави дека Владата на Романија не направила „сериозни анализи“ за замена на леите со еврото, која е официјална валута во 19 земји на ЕУ.

Тој ова го изјави откако романскиот министер за надоврешни работи Теодор Малшкан претходната недела изјави дека Романија би можела да ја воведе европската валута до 2022 година.

Драгнеа додаде дека е неопходна анализа и на Централната банка, владата и парламентот пред да биде донесена било каква одлука.

Иако економијата на Романија брзо се развива, оваа земја и понатака е една од најсиромашните членки на ЕУ, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП