26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените на производителите на индустриски производи

Намалени цените на производителите на индустриски производи

industriski-proizvodi

Продажните цени на производителите на индустриски производи во март годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март во однос на претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,4 отсто.

Во март 2013, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 4,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 3,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 14,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,5 осто на месечно ниво, а за 3,5 отсто на годишно ниво.

Во март 2013, во споредба со февруари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,8 отсто.

Во март 2013, во споредба со март лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 6,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 4,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП