28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХарви направи штета од околу 40 милијарди долари

Харви направи штета од околу 40 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија ја посети сојузната држава Тексас која ја погоди ураганот Харви. Трамп рекол дека е горд на напорите на локалните власти, односно нивната мисија за спасување на човечки животи и да ја сочуваат земјата од поголеми поплави.

„Се надевам дека за 10 години луѓето ќе го посочуваат ова како пример како треба да изгледа борбата со природните катастрофи“, рекол Трамп.

Последните информации од Тексас се од округот Бразори, јужно од Хјустон, каде поради налетот на олујата попушти одбрамбениот насип, а спасувачките екипи на жителите им порачале веднаш да го напуштат овој дел.

Претседателот Трамп на најпогодените држави од ураганот Харви, Тексас и Луизијана, им вети помош. Штетите во овие две држави се проценуваат на 40 милиојарди долари.

Инаку, водечкиот метеоролог на Центарот за временска прогноза на САД, Патрик Бјурк, за Гласот на Америка, рекол дека „САД никогаш не виделе ваква олуја“.

„Никогаш досега не сме виделе толку дожд да наврне на толку голема површина. Штета е катастрофална и за жал ќе биде уште поголема во деновите кои следуваат“, рекол Бјурк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП